КЛУЧНИ ПРАШАЊА за Дијалог

извадок од книгата Дијамантско Лидерство.

Повеќе од кога и да е, на Македонија и е потребен дијалог. Не политички диајлог (кој во моментов воопшто и го нема), туку трансформативен – генеративен дијалог, кој ќе го регенерира и иновира целокупниот систем (институциите, бизнисите…се’)

Овој дијалог треба да се води околу клучните прашања кои не засегаат сите.

“Прашањето е она што не води…”

“It’s the question that drives us…”

Тринити кон Нео во филмот Матрикс

Добрите компании работат со одговори, Одличните компании работат со прашања. Ако на организацијата и го поставиш правото прашање, тоа е помоќно од одговорите кои таа ги има.

Ник Удал – NOWHERE

 

Ние мора да ги идентификуваме овие клучни прашања кои имаат
смисол и значење за нашата нација. 


Клучните Прашања 
кои ќе ги заменат негативно поставените и непроуктивни прашања како и празните егоцентрични монолози на “лидерите спасители” и ќе создаваат обединителни платформи за ко-креација.

Прашањата како моќна алатка за учење и развој биле користени од мудрите учители со векови. Сократ бил познат по својата учителска методологија која била базирана на добро поставени прашања. Тој велел:

Неможам никого да научам ништо, можам само да го натерам да размислува.

Еден од најголемите умови и мислители на 20-иот век, Ајнштајн велел:

Клучната работа е да не престанеме да поставуваме прашања. Ако имам еден час да го решам проблемот од кој зависи мојот живот, јас би ги посветил првите 55 минути на поставување на клучното прашање, бидејки ако го имам вистинското прашање, проблемот ќе го решам во помалку од 5 минути„.

Секој од нас мора да се запраша, кои се овие клучни прашања на локално (маалско, градско организациско) и на национално ниво?
Посебна улога во овој контекст имаат идните лидери во Македонија кои ќе работат на обединување и трансформирање на институциите и на целиот систем воопшто. Клучните прашања се потребни бидејки тие делуваат како осветлувачи на колективната свест бидејки го стимулираат целиот систем на ко-креативно размислување и решавање. Монологот го гуши и убива овој процес, а глупото негативно поставено прашање не фокусира во непродуктивна насока.

За време на дијалогот, овој ефект на колективно осветлување се мултиплицира и осветлувањето на свестта во даден момент се случува кај сите учесници во кругот/системот. Ова е моментот на колективно пробивање и осветлување во кој групата започнува да мисли заедно = “ЗА – ЕДНО” како целина. Ова е место на непресушна креативност, иновација и слобода, а “системот почнува да едри на мудрите ветерови на боговите”.

И самата оваа книга е резултат на креативната тензија која настана врз основа на неколкуте клучни прашања оддржувани за време на нејзината креација:

Која е уникатната улога, причината и смислата на постоењето на сегашните генерации Македонски граѓани? Зошто сме тука како нација, со која цел?

Како да ја трансформираме и иновираме Македонската култура, нашите организации и институции?

Каквo лидерство ни е потребно за да го направиме ова?

Како да создадеме поквалитетна нација и да го подобриме квалитетот на живеење на граѓаните?

Како креираме 300 000 нови и квалитетни работни места? Како освен привлекување на странски инвестиции можеме да го постигнеме ова?

Како ја намалуваме корупцијата? Што се може да се направи во оваа насока? На кои начини и каде треба да се интервенира за да се доведе истата до можен минимум?

Како ја зголемуваме ефикасността на јавната администрација? Како ја намалуваме бирократијата?
Како го намалуваме непотизмот во Јавната администрација?

Како ја намалуваме загадеността на животната средина? Што конкретно може и трба да се направи? Кој, каде и кога треба да биде вклучен? Како може да се делува?

Како го намалуваме криминалот и насилството? Што конкретно може да се направи? ….итн.

Сите овие прашања треба да се држат” континуирано во свесното поле на нацијата и да ги хранат дијалозите околу нив.


Темите во овој блог детално се истражувани и опишани во книгата Дијамантско Лидерство

Книгата може да ја добиете со КАРГО ЕКСПРЕС на било која адреса во Македонија по цена од 500 ДЕН. Испратете мејл на vikotr@skyisthelimit.org со порака – “сакам копија од книгата” заедно со вашата адреса на живеење. Книгата ќе ви биде доставена на рака.

 

  1. Сè уште нема коментари.
  1. No trackbacks yet.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.